Ужас во Париз: Донарума и сопругата соблечени голи, врзани и ограбени

Фото: EPA-EFE/Yoan Valat

Голманот на Пари Сен Жермен, Џанлуџи Донарума и неговата сопруга Aлесија Елефанте во изминатата ноќ доживеале вистински хорор во нивниот дом во Париз.

Според информациите кои ги објавуваат медиумите, Донарума бил жртва на брутален грабеж од страна на крадци кои ги соблкле него и неговата сопруга и ги врзале.

Откако некако се ослободиле Донарума и сопругата случајот го пријавиле полиција, а потоа биле хоспитализирани поради големиот шок и вознемиреноста. За среќа поголеми повреди не биле констатирани.

Првичните информации се  дека крадците направиле штета од околу 500.000 евра (со украдените предмети и уништувањето на дел од куќата).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот