Десничари во Белград прекинаа претстава за Сребреница – Слободен печат
ВестиВи ПрепорачувамеРегион

Десничари во Белград прекинаа претстава за Сребреница

Полицијата по вербалниот конфликт со режисерот и актерите ги изнела надвор.

Околу 20 лица со маици со националистички симболи синоќа во Белград влегоа во театар при изведувањето на претставата „Сребреница. Кога ние убиените ќе станеме“.

Како што пренесува Бета, полицијата по вербалниот конфликт со режисерот и актерите ги изнела надвор.

Групата која влегла на претставата се обидела во повеќе наврати да го надвика режисерот Златко Паковиќ со повици дека во Сребреница немало геноцид и дека Ратко Младиќ е херој, а потоа почнале да пејат националистички песни.

Организаторите во неколку наврати апелирале до припадниците на МУП во цивил да ги исфрлат провокаторите за да може претставата да продолжи, на што еден од нив одговорил дека „му биле врзани рацете“.

Дури откако актерите излегле да разговараат со групата десничари, полицијата ги изнела надвор од салата.

На актерите и публиката им се придружила во обидот да ги исфрлат десничарите.

Претставата била организирана по комеморативниот собир во центарот на Белград по повод 24. годишнината од геноцидот во Сребреница.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close