Десерт во тегла: Карамела од таан и урми

Фото: Unsplash

Употребата на таанот во исхраната за прв пат се сретнува во арапската кујна, од 13 век. Од арапските земји, понатаму се проширува во Индија, Кореја и Јапонија, а денес често се користи во медитеранската кујна.

Таанот изобилува со мононезаситени и полинезаситени масни киселини за кои е докажано дека поволно влијаат на здравјето на кардиоваскуларниот систем. Најчесто се употребува во подготовката на вкусна таан алва.

Нашиот предлог за десерт може да се употреби и како одличен додаток во многу типови на десерти како сладок намаз. Овој пат специфичниот вкус на таанот го искомбиниравме со најслатките овошки – урмите.

Состојки:

– 200 г меки урми
– 4 лажици таан
– прстофат сол

Подготовка:

Во блендер ставете ги сите состојки и мешајте сè заедно додека не добиете смеса како карамела. Во случај смесата да е тврда, можете да додадете малку вода или бадемово млеко. Сервирајте во мали теглички кои се практични да ги понесете со себе. По желба може да го збогатите вкусот со чоколадо или овошје.

Добар апетит!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот