Десaнтис и официјално ја започна кампањата за претседателски кандидат од републиканците

Рон ДеСантис / Фото: Giorgio VIERA / AFP / Profimedia

Републиканскиот претседателски кандидат Рон Десантис, гувернер на Флорида, синоќа во Дес Моин, Ајова, официјално ја започна својата кампања за претседателски кандидат на изборите идната година во ноември.

Ова беше неговиот прв митинг со поддржувачите откако објави дека влегува во трката во текот на виртуелен настап на Твитер спејсес минатата недела.

– Започнуваме со нашата задача да го вратиме Џо Бајден во неговиот подрум во Делавер, порача Десантис. Тој го искритикува актуелниот претседател на САД дека сето ова време „бил на годишен одмор во Вашингон“.

Во Дес Моин тој беше најавен од локалните републикански лидери предводени од гувернерката Ким Рејнолдс.

Во говорот тој се осврна на неговата агенда како гувернер на Флорида, вклучувајќи ги напорите за забрана на здравствена грижа за промена на полот и промени во законите за јавните школи и за спортските натпревари во однос на прашања за полот.

На настанот се обрати и неговата сопруга Кејси.

Од Ајова, Десантис ќе оди на митинзи во државите Њу Хемпшир и Јужна Каролина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот