АстраЗенека“ ја повлекува од пазарот во ЕУ својата вакцина против Ковид-19, неколку месеци по признавањето за нуспојави

Британско-шведската фармацевтска компанија „АстраЗенека“ објави дека ја повлекува вакцината против Ковид-19 неколку месеци откако пред судот во Лондон призна дека вакцината може да предизвика ретки и опасни несакани ефекти.

Вакцината повеќе не може да се користи во Европската унија, откако компанијата доброволно го повлече одобрението за ставање во промет. Барањето за повлекување на вакцината беше поднесено на 5 март и стапи на сила во вторник. Слични пријави ќе бидат направени во наредните месеци во Велика Британија и други земји кои ја одобриле вакцината, позната како „Вакзеврија“.

„АстраЗенека“ соопшти дека вакцината е отстранета од пазарот од комерцијални причини и дека повеќе не се произведува или испорачува, бидејќи е заменета со ажурирани вакцини кои се ефикасни против новите соеви на Ковид-19, пренесува британски „Телеграф“.

„Ваксеврија“ е под интензивна контрола во последниве месеци поради многу редок несакан ефект, кој предизвикува згрутчување на крвта и низок број на тромбоцити во крвта. рп/

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот