Дени Илиев на дебито за Сараево одбрани два пенали и обезбеди четвтфинале во купот

Фото: FK Sarajevo

Maкедонскиот голман Дени Илиев беше одличен на голот на Сараево кој славеше на пенали на гости кај Слобода Тузла.

По регуларните 90 минути немаше победник (1:1), па победникот се решаваше со изведување на удари од белата точка.

Токму таму блесна македонскиот голман и одбрани пенали на Хаџановиќ и Јулариџија, за Сараево само еден играч не беше прецизен во пенал-серијата.

Сараево на крајот беше подобар со вкупни 4:3 и обезбеди место во четвртфиналето. Треба да се напомене дека за Илиев ова беше прв настап на голот на Сараево каде што пристигна во јануарскиот преоден рок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот