Денеска се празнува Свети Јован Златоуст, направете го ова во чест на светецот

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 13 ноември.

Денеска е Св. Јован Златоуст.

Свети Јован Златоуст е еден од најголемите цариградски патријарси. Се роди во Антиохија, во 354 година. Во младоста ги изучи грчките философи, а се дообразува во познатата Антиохиска школа.

По смртта на родителите, се замонаши и почна строго да се подвизува. По својата мудрост се истакна уште во Антиохија, па подоцна, по барање на цар Аркадиј, беше поставен за патријарх во Цариград.

Бог го надари со дар на јасно расудување и убаво зборување, по кои едвај да е надминат од некого во историјата на Црквата.

Се успокои во 407 година, во Ерменија. Од неговите мошти, главата се наоѓа во Успенската црква во Москва, а телото во Ватикан.

Се смета дека денеска не се важни парите и материјалните добра, туку духовниот развој на човекот и неговото надградување. Бидејќи станува збор за еден од најучените светци денеска е пожелно секој верник да земе книга во рака, и да прочита барем дел од неа.

Не смеат во рака да се земат конци, волница и игли. Светецот не сака денеска, на неговиот празник да се работи, туку наместо на материјално создавање верниците треба да се поттикнат на јакнење на духовноста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот