Денес е 25 мај - заборавениот ден на младоста на СФРЈ - Слободен печат
Ви ПрепорачувамеЗабаваМагазин

Денес е 25 мај – заборавениот Ден на младоста на СФРЈ

Ширум поранешна Југославија овој ден се прославуваше како Ден на младоста.

Одлуката 25 мај да се обележува како Ден на младоста е донесена на иницијатива на Јосип Броз Тито и Централниот комитет на народната младина на Југославија во 1957 година.

Ширум поранешна Југославија овој ден со восхит се прославуваше како Ден на младоста.

Првата штафета на младоста тргнала на 5 мај 1957 година од Кумровец, родното место на Тито, а секоја следна година тргнувала од друг град, симболично обележувајќи ги значајните датуми и случувања од историјата на Југославија.

Иако официјалните податоци зборуваат дека Тито е роден на 7 мај, првата свечена прослава на неговиот роденден ја организирал Централниот комитет на сојузот на комунистичката младина на Југославија на 25 мај 1945 година.

Штафетата на младоста последен пат е носена во 1987 година, а 1988 година последен пат е одржана приредба во чест на Денот на младоста.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close