Дендиас: Ратификуваните меѓународни договори не се менуваат своеволно

Фото: Принтскрин

Меѓународниот Договор од Преспа е ратификуван и стапи во сила, па според тоа, не може да се менува своеволно, пишува министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас во одговор на пратеничко прашање на Андониос Милонакис од партијата Грчко решение, во однос на тоа дали може да се поништи Договорот од Преспа, jави дописничката на МИА од Атина.

– Меѓународниот Договор од Преспа, како што е познато, е ратификуван од грчкиот Парламент и стапи во сила од 12 февруари годинава. Според  тоа, не се менува своеволно. Впрочем, државата има континуитет. Покрај тоа, основниот принцип на меѓународните односи „pacta sunt servanda” треба да се почитува од сите на меѓународната сцена, вклучувајќи ги и нашите соседни држави. Како што веќе беше нагласено, Министерството за надворешни работи внимателно и темелно го следи целосното и доследното спроведување на договорот. Кога се забележуваат доцнења, недостатоци или нарушувања во спроведувањето од друга страна, се преземаат сите соодветни активности, вклучително и демарши, објаснува Дендиас во писмениот одговор.

Пратеникот од Грчко решение во неговото прашање вели дека „името Северна Македонија што произлегува од Договорот од Преспа прекршува едно од индивидуалните права на грчкиот граѓанин” и прашува зошто не постои можност за поништување на договорот кога, како што тврди тој, Скопје „не се придржува кон обврските од договорот и ја задржува климата на иредентизам за кој што извор е Уставот на земјата”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот