Дендиас го поддржува дијалогот меѓу Србија и Косово, ќе биде и гостин на славата кај Вучиќ

Фото: EPA

Шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас, кој денеска е во посета на Белград, изјави дека официјална Атина го поддржува дијалогот меѓу Белград и Приштина за да се постигне сеопфатно правно обврзувачко решение и нагласи дека сите досегашни договори мора целосно да се применат.

– Патувам за Приштина и таму ќе го повторам истото, изјави Дендиас по разговорот со министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ и нагласи дека Грција продолжува да го поддржува европскиот пат на Србија.

Дендиас соопшти дека телефонски разговарал со претставникот на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, за тој дијалог и за напорите што се преземаат за намалување на тензиите на северот на Косово.

– Во врска со мојата посета на Западен Балкан оваа недела, претходно имав телефонски разговор со Мирослав Лајчак за дијалогот меѓу Белград и Приштина и напорите преземени за намалување на тензиите на северот на Косово, напиша Дендиас на Твитер.

Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ говорејќи за актуелната ситуација на Косово, рече дека во интерес на Србија е да го зачува мирот и да води дијалог за спорните прашања. Дачиќ и Дендијас во текот на денот ќе му бидат гости на српскиот претседател Александар Вучиќ на крсната слава Св. Никола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот