Ден на жалост утре во Албанија за жртвите од земјотресот

Фото: Слободен печат/Арбнора Мемети

Владата на Албанија утрешниот ден, среда, 27 ноември, го прогласи за Ден на жалост поради жртвите во серијата земјотреси во кои загинаа најмалку 20 лица, а повеќе од 600 се повредени.

Знамињата на сите институции во Албанија утре ќе бидат спуштени на половина копје, а училиштата ќе бидат затворени.

Фудбалскиот сојуз на Албанија, исто така, ги откажа сите натпревари за оваа недела.

Претходно, претседателот на Косово Хашим Тачи го прогласи утрешниот ден за Ден на жалост во земјата во чест на жртвите од земјотресите во Албанија, кои беа почувствувани речиси на целиот Балкан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот