Демонстрации во Јордан против увозот на гас од Израел (ВИДЕО)

ФОТО: Принтскрин Twitter

Меѓутоа, Јорданците се уште го сметаат Израел за непријател, па чести се протестите против нормализација на односите меѓу двете земји.

Масовни протести избија во центарот на Аман, Јордан. Демонстрантите бараат Владата да го поништи договорот со Израел за увоз на природен гас.

Јорданските власти почнаа да увезуваат природен гас откако потпишаа договор вреден милијарди долари со компанијата „Нобл енерџи“ од Тексас, со цел да ја намалат цената на струја.

„Нобл енерџи“ сепак е партнер со израелската „Група Делек“ во Средноземното море.

Јордан е принуден да увезува природен гас од Израел бидејќи египетските залихи се исрцпени откако гасоводот повеќе пати во изминатите години беше цел на напади од страна на терористичката организација Исламска држава.

Меѓутоа, Јорданците се уште го сметаат Израел за непријател, па чести се протестите против нормализација на односите меѓу двете земји. Тоа се должи на тоа што половина од жителите на Јордан се палестински бегалци или нивни потомци.

Договорот меѓу двете држави за 10 милијарди долари на Јордан ќе му обезбеди 45 милијарди метри кубни израелски гас во наредните 15 години.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот