Деми Ловато прозборе за периодите на предозирање: Доживеав три мозочни удари и срцев удар

Instagram
Instagram

Пејачката Деми Ловато за прв пат прозборе за нејзиното предозирање во 2018 година и откри дека во тоа време неколку минути ја делеле од смртта.

28-годишната пејачка повторно проговори за предозирањето во најавата за нејзината документарна серија насловена „Dancing With the Devil“ која ќе може да ја гледате од 23 март на „Јутјуб“

Имав три мозочни удари и срцев удар. Лекарите ми рекоа дека имам уште пет до десет минути“, изјави Ловато во најавата.

Благодарам на моето семејство, пријатели и обожаватели што останаа покрај мене сите овие години додека учам и растам. Јас сум толку возбудена што конечно ја споделувам оваа приказна со вас“, напиша Ловато во објавата на својот инстаграм-профил.

Пејачката неодамна изјави дека предозирањето ѝ предизвикало „оштетување на мозокот“ и дека до ден денес се справува со последиците од тоа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Demi Lovato (@ddlovato)

Ловато во 2018 година беше итно пренесена во болница, откако беше пронајдена во бесознание во нејзиниот дом.

Пејачката со години се бореше со зависноста од кокаин и алкохол и извесно време помина на рехабилитација. До таа 2018 година, како што вели била „чиста“ шест години.

Instagram
Instagram

Во минатото, неколку пати искрено зборуваше за злоупотребата што ја доживеала како дете и за нарушувањата во исхраната со кои се борела со години. Преку интервјуа, Деми откри и дека страда од биполарно растројство.

Еден месец пред предозирањето, таа ја објави песната „Sober“ во која навести дека се вратила на дрогата. Преку песната им се извини на родителите и обожавателите за повторното посегнување по опијати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот