Демант од ТОАРИЛУЦ: Поплава на КАРИЛ немаше, само дефект на инсталациите кој се санира

Фото: МИА

Во интерес на правилно информирање на јавноста во однос на случувањата на Клиниката за анестезија реанимација и интензивно лекување на ЈЗУ УК ТОАРИЛУЦ Скопје, сакаме да ги демантираме информациите пласирани од страна на ВМРО-ДПМНЕ во однос на состојбата на оваа клиника.

– Поплавите кои се случија пред неколку дена не ја поплавија КАРИЛ туку предзивикаа дефект во дел од инсталациите и заради безбедност на пациентите, неколку кревети се исклучени од употреба. За оние кои се помалку упатени, да појасниме дека еден кревет на КАРИЛ е поврзан со инстации (кислород и други гасови како и електрично напојување за респиратор, монитори, аспиратори, перфузори..) Секоја од овие инсталации е клучна за функционирање и лекување и токму затоа и при најмал дефект се први комплетна санација.

Значи да појасниме уште еднаш поплава на клиниката немало, туку само делумен дефект во делот на инсталациите поради кој од предострожност е намален бројот на кревети. Дефектот е во фаза на санација.

– Исто така, пациентите кои беа на КАРИЛ не се препраќани во други болници, туку се згрижени во склоп на капацитетите на ЈЗУ УК ТОАРИЛУЦ. Дадено е соопштение до други болници во наредниот период додека не се санира дефектот и не се овозможи непречено функционирање на сите кревети на КАРИЛ, нови пациентите да се праќаат во клничките болници ГОБ 8 Септември, Штип, Тетово и Битола кои се КЛИНИЧКИ БОЛНИЦИ и поседуват одделенија за интензивна нега опремени со истата апаратура како КАРИЛ, со вработени анестезиолози со ист степен на образование и искуство како и лекарите од КАРИЛ. Овие болници и во секојдневната пракса примаат и лекуваат болни кои бараат интензивна нега. Значи дека во ниту еден случај не е загрозен било чиј живот. Во соопштението е појаснето дека за секој случај за кој колегите сметаат дека им треба дополнително мислење, да ги контактираат колегите од КАРИЛ

– На КАРИЛ како и на сите останати клиники на ТОАРИЛУЦ редовно се земаат микробиолошки брисеви од страна на ИЈЗ . Тоа е нешто што е дел од секојдневната работа и нешто што како протокол секогаш се прави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот