Делови од пет скопски општини во петок ќе немаат струја

Фото: ,,Слободен печат'' - Драган Митрески

Поради технички зафати во дистрибутивната електр- мрежа утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Кисела Вода, Карпош, Гази Баба, Чаир и Центар, соопштуваат од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) – Скопје.

Во периодот од 08:00 до 12:00 часот без напојување со електична енергија ќе останат корисниците од улицата „Ѓорѓи Динката“, Општина Кисела Вода, од 09:00 до 13:00 часот од улицата „Хашка“, Општина Карпош, а од 09:00 до 15:30 часот корисниците од селата Булачани, Црешево, Виниче и Страчинци, Општина Гази Баба.

Во периодот од 09:30 до 11:30 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците „Благоја Паровиќ“ и „Роналд Реган“, како и Детската градинка „Снежана“, Општина Чаир, додека од 12:00 до 15:00 часот корисниците од улицата „Загребска“, Општина Центар, соопшти РЦУК – Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот