Делегацијата на ЕУ во Пекинг закажа итен состанок поради коронавирусот

Фото: EPA-EFE/XIONG QI / XINHUA

Во соработка со кинеските власти, делегацијата на ЕУ ќе бара најдобар начин да одговори на барањата на европските граѓани кои бараат да бидат итно екстрадирани, по состанокот се очекува делегацијата да ги соопшти мерките што ќе се преземат.

Делегацијата на Европска Унија во Пекинг денеска ќе одржи итен состанок за да ја координира репатријацијата на европските граѓани, кои се наоѓаат во Кина за да се ограничи заразата од коронавирусот.

Во соработка со кинеските власти, делегацијата на ЕУ ќе бара најдобар начин да одговори на барањата на европските граѓани кои бараат да бидат итно екстрадирани, по состанокот се очекува делегацијата да ги соопшти мерките што ќе се преземат. Целта е делегацијата на ЕУ да ги координира заеднички барањата за екстрадиција на сите 27 земји членки на Унијата.

Европскиот центар за спречување и контрола на болести порача дека овој вирусот останува помалку смртоносен од СРАС, но дека постојано се набљудува состојбата и дека за сега не може со сигурност да се тврди дека вирусот нема да стане поопасен.

Белгискиот епидемиолог, Марк Ван Ранст за медиумите изјави дека недостасува транспарентност од кинеските власти околу бројот на непотврдените случаи на зараза.

– Кинеските власти транспарентно ги соопштија 2.700 потврдени случаи, но не кажува колку има непотврдени, нивните драстични мерки отвораат сомнеж дека ситуацијата е можеби посериозна отколку што велат, во секој случај мораме да бидеме подготвени, изјави едидемиологот Ранст.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот