Дел од Општина Центар утре без вода

Прекин на водоснабдување фото МИА

Корисниците од населбата Маџар Маало во Општина Центар, на потегот од улицата „Вардарска” до улицата „Охридска”, утре од 8:00 часот ќе останат без вода за пиење.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во водоснабдувањето е изведување водоводен приклучок на водоводна мрежа со пречник од два цола на улицата „Вардарска” бб.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато се додека екипите на ЈП „Водовод и канализација” – Скопје не завршат со активностите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот