Дел од административците ќе одат во пензиja со 55 години старост

Илустрација: Администрација / Фото: Архива на „Слободен печат“

 Освен членот кој предвидува администрацијата наместо 40 да има 36 часовна работна недела, друг член од истиот закон, предвидува нераспоредените државни советници да одат во пензија со навршени 55 години и 15 години стаж.

-Државните советници вработени до денот на започнување со примена на овој закон, за кои нема да има работни места на кои би биле распоредени може: да бидат предвремено пензионирани доколку на денот на влегување во сила на овој закон имаат навршени 55 години старост и имаат 15 години работен стаж или спогодбено да им престане работниот однос со отпремнина во износ од ___________.  Државните советници кои нема прифатат ниту една од можностите од став (2) на овој член ќе бидат распоредени на работно место во институцијата за кое исполнуваат услови, се вели во предлог законот.

Измените на законот се ставени на интернет страницата на системот ЕНЕР на кој се објавуваат предлог закони и е во фаза на добивање коментари од заинтересираните страни.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот