Во петок администрацијата ќе работи само четири часа

Илустрација: Администрација / Фото: Архива на „Слободен печат“

Според новиот закон за административни службеници кој сега е во нацрт верзија наместо 40 часа, администрацијата ќе работи по 36 часа во неделата или по 8 часа од понеделник до четврток и само 4 часа во петок.

Овој закон е објавен е на ЕНЕР и истекува рокот за коментари, а го подготви Министерството за информатичко општество и администрација. Членот 55 се однесува на работното времеи  се предвидува дека полното работно време на административните службеници изнесува 36 часа неделно, односно осум часа дневно од понеделник до четврток и 4 часа дневно во петок, доколку со закон или колективен договор поинаку не е утврдено.

За неполно работно време на административците ќе се смета работното време кое е пократко од 36 часа неделно, пишува во законот кој беше ставен на ЕНЕР на 21 септември годинава и по коментарите треба да оди на усвојување.

Во моментов во приватниот сектор речиси во секоја фирма се работат по повеќе од 40 часа неделно, вклучувајќи саботи и недели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот