Дејвис пред вториот меч во СЕХА: Мораме многу подобро против Војводина

дејвис
Тренерот на Вардар 1961, Давид Дејвис/Фото: Денис Дуковски / РК Вардар1961

Во вторник екипата на Вардар 1961 ќе го одигра и вториот натпревар во новата сезона од СЕХА Газпром лигата, а ривал е составот на Војводина.

После стартниот пораз во Скопје од хрватскиот Нексе, скопските „црвено-црни“ ќе се обидат да го запишат првиот триумф во регионалното натпреварување.

Играчите на тренерот Давид Дејвис во меѓувреме славеа во домашното првенство убедливо над Т. Пролет со резултат 34:22.

Вардарци денеска патуваат за Србија каде утре од 17.30 часот, а своите очекувања ги сподели тренерот Дејвис за овој меч.

– После поразот од Нексе, мораме да одиграме подобро против Војводина. Да, бевме подобри против Пролет, но ние треба да продолжиме да работиме, со игра на теренот и очекувам да биде подобро во вторник. Војводина игра дисциплинирано, опасноста доаѓа од Немања Прибак, другите повеќе играат со него, а имаат и добар голман. Војводина кога игра дома е многу опасна. Рано е да се зборува дали имаме напредок во нашата игра, ќе видиме понатаму. Имаше разлика во дуелот со Пролет, ракометарите знаеја што мора да играат и мислам дека ова им влезе во глава. Чекор по чекор мислам дека ќе биде подобро – вели Дејвис.

Ракометарот на Вардар 1961, Дарко Ѓукиќ:

– Пред нас е вториот натпревар во СЕХА лигата. Мислам дека против Војводина нема да ни биде лесно, тие играат на домашен терен, а ние ја вежбаме нашата тактика која мислам дека ќе го покаже своето. Секако, одиме на победа, и мораме да го добиеме овој натпревар. Војводина има генерално ист состав како и минатата сезона, како главни играчи се одвојуваат Прибак и десниот бек Николиќ. Одиме по бодовите, успех ќе биде да го реализираме тоа што сме го зацртале, да загубиме што помалку топки, да играме добра одбрана, и подобар напад за разлика од мечот со Нексе. Тоа се некои наши цели и ќе видиме што од тоа ќе се реализира, но мечот секако дека мораме да го добиеме.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот