Дејвид Гета: „Размислувам да купам стан во Србија“

дејвид гета
ФОТО: Профимедиа

Заврши 20. фестивал по ред „Егзит“, кој траеше четири дена во Нови Сад. Беше домаќин на одлични уметници од целиот свет, а Дејвид Гета – една од најголемите светски sвезди, последната вечер го имаше својот настап.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by David Guetta (@davidguetta)

Познатиот музички продуцент и диџеј Дејвид Гета во интервјуто за „Курир.рс“ зборувал за Србија, каде што повторно настапи на „Егзит“. „Не ја познавам многу Србија искрено, но мислам дека има еден од најдобрите фестивали. Доаѓам тука веќе неколку години и го сакам „Егзит“. Немав време да ја запознам културата на вашата земја, но се надевам дека тоа ќе го направам во некоја пригода“.

дејвид гета
ФОТО: Профимедиа

На прашањето како го поминал времето во текот на карантинот и дали му недостасувале настапите, Гета рекол дека сакал да се обиде времето да го искористи продуктивно.„Хиперактивен сум и правев две работи – направив хуманитарни концерти во Мајами, Њујорк и во Дубаи за да соберам пари за луѓето што ги немаат во текот на периодот на коронавирусот, и ова е првпат во последните 20 години дека не сум патувал толку многу, па затоа творев многу музика. Првите два месеца се обидував да останам во кревет, но тоа не беше за мене“, рекол светскиот диџеј.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by David Guetta (@davidguetta)

Гета открил и дали се вистинити гласините дека има стан во Нови Сад. „Немам, но можеби ќе имам! Којзнае… Не доаѓам толку често во Србија, освен кога доаѓам на „Егзит“. Имам многу српски пријатели во Париз – најдоброто обезбедување што го имаат таму, сите се Срби! Тоа го знам бидејќи постојано сум во клубовите“, заклучил Гета за „Курир.рс“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот