Дедо им оставил на внуките по 50 фунти од неговото богатство вредно 500.000 фунти: Причината ќе ве изненади

Фото: Pexels / Suzy Hazelwood

Пет внуки се шокирале кога нотарот го читал тестаментот на нивниот покоен дедо. Британецот Фредерик Вард им оставил прилично мал дел од својот имот кој бил проценет на половина милион британски фунти. Всушност, секоја од нив добила само по 50 фунти. Ова оскудно наследство многу ги вознемирило неговите внуки, пишува „Дејли мејл“.

Нивниот дедо оваа одлука ја донел бидејќи ниту една од внуките не го посетила додека бил во болница. Поради лошата здравствена состојба тој неколку пати бил хоспитализиран. Фредерик починал во 2020 година на 91-годишна возраст.

Неговата волја предизвикала голема врева, бидејќи поранешниот британски војник им го остави најголемиот дел од својот имот на своите две деца, Тери Вард и Сузан Вилтшир – но ги изоставил петте ќерки на неговиот најстар син Фред, кој починал во 2015 година.

Разочараните внуки одлучиле правдата да ја бараат на суд, но изгубиле. Тие тврделе дека тестаментот што тој го напишал во 2018 година е „невалиден“ и дека Тери и Сузан влијаеле на нивниот дедо на штета на нивниот татко Фред.

Како што било откриено во судската постапка, внуките биле толку вознемирени од одлуката на нивниот дедо, додека го читале тестаментот кај нотар, што сакале физички да се пресметаат со своите роднини, кои добиле повеќе пари. Имало туркање и викање. Тие се смириле дури кога полицијата пристигнала на местото на настанот.

Роднините на внуките во текот на судската постапка изјавиле дека девојчињата ретко го посетувале нивниот дедо, па поради тоа бил многу разочаран од нив.

Покојниот Фредерик дури и се пожалил на едно од неговите деца дека една од неговите внуки не зачувала парче од свадбената торта кога таа го кажала „судбоносното да“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот