Дебрани со расправија и тепачка го нарушиле јавниот ред и мир

тепачка
Илустрација: Тепачка / Фото: МИА

Двајца жители на Дебар на главната улица во градот се испокарале и се истепале за што заработиле соодветна пријава за нарушување на јавниот ред и мир.

– Вчера околу 11 часот, пред угостителски објект лоциран на улицата „8 Септември” во Дебар, нарушен е јавниот ред и мир со вербална расправија и тепачка помеѓу Ф.Д.(24) и А.Л.(23), двајцата од Дебар. Против нарушителите, ОВР Дебар ќе поднесе соодветна пријава, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи.

Димоски информираше и околу статистичките податоци на Одделението за внатрешни работи, за изминатото деноноќие, околу почитувањето на мерката за носење заштитна маска.

Според него полициските службеници констатирале дека пет лица не носеле лична заштита на лицето и ним им се издадени прекршочни платни налози.

Во последните четири дена се издадени 43 или од почетокот на пандемијата до денеска на подрачјето на општините Дебар и Центар Жупа издадени се 1.402 вакви налози за неносење заштитна маска.

Инаку, во ова подрачје, според вчерашните официјални податоци со опасниот вирус заразени се 460 лица, од нив починаа 23, а активни на болеста се 95, додека во изолација се седумдесетина лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот