Дебранец бесправно исекол 200 стебла борова шума покрај Дебарско езеро

Дебарско езеро фото МИА

Поднесена е кривична прјава против дебранец кој опустошил дел од боровата шума покрај брегот на Дебарско Езеро, земјиштето го узурпирал и почнал бесправно да гради.

– Дебарското одделение за внатрешн работи поднесе кривична против Ф.К.(63) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности”, „бесправно градење” и „пустошење шуми”. Тој, во текот на годинава, на локации на брегот на Дебарското езеро во државна сопственост, бесправно пресекол 200 стебла борова шума и неовластено изградил три објекти од тврд материјал, информраше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Според него Ф.К. се стекнал со противправна имотна корист од 241.100 денари.

Делот со борова шума е еден од најубавите делови покрај езерото, што во доброволни акции ја засадија дебарски гимназијалци пред неколку децении.

Опустошувањето на боровите насади создава револт кај дебрани, посебно кај повозрасните кои засадувале.

-Ние како средношколци засадувавме,откако рачно ископувавме канали. Тоа е еден од најпрекрасните делови покрај езерото, но ете секој кој се чувствува сигрен дека нема да бде строго казнет запоседнува делови, вели дебранец, кој бил дел од оние кои засадувале пред 48 години.

Ова не е прв случај на узурпација на земјиште покрај брегот на езерото, кое главно е во државна сопственост, на што во неколку наврати предупредуваа и дел од членовите на Советот на општина Дебар.

Како што изјавија и покај тоа што сите изградени објекти биле дивоградби, дел од нив се веќе легалзирани, за што побараа одржување посебна седница за овој проблем.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот