Даниловски: Делта-сојот ќе проструи низ населението, но не треба да нѐ фаќа паника што ќе стане на есен

Фото: МИА

Само масовна вакцинација може да нѐ спаси од умирање и ширење на вирусот, вели  епидемилогот проф. д-р Драган Даниловски во емисијата „Студио 10“ на ТВ 24.

– Поставувањето на мерки на границите како брзи тестови е прва заштита, втора барира е кога ќе влезе вирусот да се спречат сите негови патишта, епидемиолозите морат да ги индетификуваат контактите од прв, втор ред и да се стават под надзор и трето да се донесе протокол за лекување на ковид 19, објаснува Даниловски.

Тој додаде дека за регистрирани 6 или 16 лица со делта сој не треба да се спроведат нови рестриктивни мерки.

– Треба да се почитуваат веќе донесените  мерки односно, маска за затоврено, одржување на дистанца, кога ќе почне школската година да се почитуваат општите мерки, вели тој.

Епидемиологот смета дека делта сојот ќе го зафати местот на алфа сојот и со самото тоа ќе го надградиме имунитетот.

– Делта-сојот ќе се рашири во земјава, но не мислам  дека тоа ќе придонесе катастрофални последици со преполнување на болниците.Тој повторно ќе проструи низ населението, но сметам дека не треба да нѐ фаќа паника што ќе стане на есен. Делта-сојот полека ќе го зафати местото на алфа сојот и сето тоа така ќе  се заврши дали ќе се повтрои нов мутант ќе видиме мислам дека приказната со ковид-19 полека  стивнува независно од новите варијанти сметам дека овие мутации се последни трзаи на вирусот, вели Даниловски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот