Дали суперталентиран тинејџер ќе биде наследник на Хамилтон во Мерцедес?

фото [email protected]

Шефот на тимот на Мерцедес во Формула 1, Тото Волф размислува во 2025 година на местото на Хамилтон да го ангажира суперталентот од Италија Андреа Кими Антонели (17). Многу ќе зависи од тоа дали Антонели сеознава ќе ја освои титулата во Формула 2

Тото Волф размислува за наследник на Луис Хамилтон во Ф1 тимот на Мерцедес да ја назначи тинејџерската сензација Кими Антонели (17).

Шокантната одлука на Хамилтон да потпише двегодишен договор со Ферари од 2025 година го остави Мерцедес на цедило додека се обидува да најдат нов возач способен да му биде партнер на Џорџ Расел.

Хамилтон со Мерцедес освои шест светски шампионски титули за возачи во Формула 1 откако се префрли кај Германците од Мекларен во 2013 година, меѓутоа, проблемите со болидот во последните сезони го наведоа да донесе одлука да го смени тимот.

Волф има задача да најде талентиран нов возач на местото на Хамилтон кој може да дојде до светски титули во еден од најславните тимови во Формула 1 и една од опциите му е младиот штитеник на оваа фирма.

Италијанската сензација за која се зборува дека според талентот би требало да биде наследник на Макс Верстапен, од 11 години е во школата на Мерцедес.

Антонели, откако го освои шампионатот во Формула 4, сезонава ќе вози во Формула 2, прескокнувајќи ја Формула 3.

Мерцедес може да го ангажира во тимот во Формула 1, ако сезонава го освои трофејот во Формула 2.

– Тој ќе биде многу, многу успешен возач во Формула 1. Но, тој сè уште не ја започнал својата кампања во Формула 2. Имаа тежок тест во првите денови во Бахреин и ќе видиме како ќе се развива. Затоа сакам да ги чекам првите неколку трки во Формула 2 – вели Волф.

Антонели во 2022 година го освои првенството во Формула 4, со Према рејсинг. Во 2023 година го освои трофејот во Регионалниот европски формула-шампионат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот