Дали интелигенцијата е наследна?

pexels

Експерт по генетика открива дали интелигенцијата доаѓа од генетско влијание или од други фактори – како што е социоекономскиот статус.

Човечката интелигенција е мешавина од генетика и влијанија од животната средина. Сепак, децата почесто ја наследуваат интелигенцијата од својата мајка отколку од таткото.

Што е тоа интелигенција?

Точната дефиниција на интелигенцијата е тешко да се одреди, но генерално, се смета дека е способност да се учи од искуство и да се прилагоди на променливата околина. Когнитивната функција вклучува расудување, планирање и вештини за решавање проблеми, како и можност за апстрактно размислување и разбирање на сложени идеи, пишува експертот по генетика, Елиса Цинели за „Family Education“.

pexels

Не постои специфичен ген што ја одредува нечија когнитивна способност. Интелигенцијата е комплексна одлика, што значи дека постојат повеќе алели и бројни гени кои работат заедно за да се утврди резултатот на интелигенција на една личност. (Алелот е алтернативна форма на еден ген. Обично постојат по два алела за даден ген, така што алелот може да се смета за „една половина на генот“. Двата алела се наоѓаат на двата хомологни хромозоми еден на мајчиниот, а друг на татковиот хромозом).

Генетските студии покажуваат дека општата когнитивна способност е под влијание и на социоекономскиот статус и дали на некое лице му е дадена шанса да го реализира својот потенцијал.

Дали интелигенцијата е наследна?

Општата интелигенција дефинитивно се наследува од семејството. Студиите спроведени на еднојајчании двојајчани близнаци откриле дека постои наследување на коефициентот на интелигенција помеѓу 57 и 73 проценти, а во некои случаи дури и повеќе.

Интересно е дека генетските студии откриле дека гените имаат помало влијание врз резултатот на коефициентот на интелигенција кај децата отколку кај возрасните. Причината е тоа што кај децата до одредена возраст сè уште се развива умот и можат да бидат во различни фази на развој. Затоа, студиите за генетика на интелигенција треба да се базираат на тинејџери и возрасни, а не на деца.

pexels

Влијание на животната средина

Социо-економскиот статус одредува кои можности ѝ се даваат на една личност во текот на нејзиниот живот. Лице родено со генетска предиспозиција за просечна интелигенција би можело да постигне натпросечна интелигенција ако порасне со здрава исхрана и добро образование.

На пример ако едно дете има родител кој бара од него да си ги завршува домашните работи, ако семејството може да си дозволи здрави оброци, а соседството нуди шанса детето да излезе и да си игра надвор, најверојатно ќе се постигнат максималните когнитивни способности. Но, ако ги немаат овие услови, тие можат да допринесат за понизок коефициент на интелигенција со истиот генетски материјал.

Друг начин да се разбере како влијанието на животната средина е поврзано со генетиката е примерот на спортистите. Наследените особини како што се сила, агилност и висина влијаат врз потенцијалот на спортистот. Но, ако никогаш не научи да игра кошарка или нема пристап до најдобрите тренери, можеби нема да може да го достигне својот потенцијал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот