Дали е на повидок нова политичка криза во Бугарија? Партијата на Борисов не гледа решение за парламентарно мнозинство

Бугарски Парламент/Фото Архива на Слободен печат

По првите консултации со претседателот на Бугарија Румен Радев, коалицијата ГЕРБ-СДС соопшти дека во моментов не гледаат потенцијал за формирање на владејачко мнозинство околу заеднички принципи и цели. Според најголемата пратеничка група во 48. Народно собрание на Бугарија, на маса се предлозите за решавање на кризите со кои се соочува нивната земја, јавува дописникот на МИА од Софија. ГЕРБ-СДС се подготвени да обезбедат експерти, без да прецизираат дали станува збор за создавање влада со нивен мандат или експертска влада со мандат на друга парламентарна партија од Народното собрание на Бугарија.

Румен Радев најави очекување дека ГЕРБ ќе даде идеи за формирање влада на Бугарија и ги предупреди да не ја откажуваат аукцијата за гас што ја одржа преодната влада што ја назначи. ГЕРБ-СДС своите шанси за успех ги гледа како не големи. Партијата на Бојко Босивов широко ги отвора вратите за другите парламентарни партии и коалиции за преговори за спроведување на успешен мандат за формирање работна бугарска влада по предвремените парламентарни избори одржани на 2 октомври.

Претседателот на Бугарија, Румен Радев, најави дека нема да брза со предавањето на мандатите за формирање работна влада, за да им се даде поголема можност на парламентарните партии за консултации и разговори. Според уставната процедура на Бугарија, претседателот на државата Румен Радев мора сукцесивно да ги додели првите два мандата на првите две најголеми партии во Народното собрание, а доколку не можат соодветно да го исполнат, тогаш тој самиот избира кому да го доделува третиот мандат од другите партии во 48-то Народно Собрание на Бугарија и доколку и оваа партија или коалиција пропадне, тогаш го распушта парламентот на земјата и издава декрет за нова преодна влада и датум за одржување предвремени парламентарни избори во рок од три месеци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот