Бред Пит и Анџелина Џоли / Фото: EPA/DANIEL DEME

Дали Бред Пит ја нарече Анџелина Џоли „грешка“?

Бред Пит и Анџелина Џоли беа заедно од 2005 година, кога се запознале на снимањето на филмот „Господин и госпоѓа Смит“, па сè до 2016 година, кога Анџелина Џоли поднесе барање за развод.

Ретко која навреда толку боли како изјавата дека сте окарактеризирани како „грешка“ во нечиј живот, а никогаш нема да дознаеме дали Анџелина Џоли се пронашла во оваа изјава на Бред Пит, иако со оваа изјава, Бред Пит наведе многумина да помислат дека 12-годишната љубовна врска ја смета за грешка.

„Без оглед на грешката, знаете, едноставно учиш од неа и продолжуваш понатаму“, одговорил тој за E.T. кога го прашале што го прави толку приземјен.

Понатаму во разговорот, тој рекол дека грешките водат до успех, а прашањето е дали успехот на кој се осврнува е Инес Де Рамон, неговата девојка, со која првпат беше виден во ноември 2022 година на концерт на Боно Вокс од групата U2 во Лос Анџелес.

Исто така, холивудскиот заводник рече дека со текот на годините сфатил колку е важно да се опкружувате со квалитетни луѓе кои ве почитуваат и ве сакаат: „Пријатели, семејство и тоа е тоа“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот