Дац и Александар го претставија спотот за песната „Ѓавол да те земе“ (ВИДЕО)

Во присуство на голем број обожаватели, во понеделникот во „Трибека ботаник гарден и кафе“, популарното дуо Драган Спасов-Дац и Александар Митевски го промовираа видеоспотот за баладата „Ѓавол да те земе“, интерпретирана заедно со дувачкиот состав „Брастет Скопје“.

Тие осмислија нестандардна промоција, помешана со евергрин забава за присутните фанови, кои ги очекуваа по враќањето од „Макфест“.

– Со креирање видеоспот за нашата овогодишна песна за „Макфест 2020“, имавме идеја да придонесеме за одржување и поддршка на културата во нашата земја. Користејќи заштитни маски во спотот во дел од кадрите, преку метафора, сакаме да пратиме порака кон сите културни работници, кои во одреден период стагнираа и беа во неможност да работат, дека редно време е да ги замениме „маските“ што ги носиме, но не оние заштитните, со НАСМЕВКА! Време е со позитивен став да зачекориме кон подобрување на културата и сцената во нашата земја – изјави Драган Спасов – Дац по прикажувањето на спотот.

Видеоспотот за оваа музичка нумера е продуциран од „Пикадо креатив колектив“. Снимањето се реализираше во просториите на МОБ. Нумерата е снимена комплетно во живо, со учество на 10 музичари, во продукција на Иле Спасев. Во фокус на спотот, покрај Александар Митевски и Драган Спасов – Дац, се појавува и убавата Илона Вуковска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот