Дачиќ: Ја повикувам опозицијата да учествува во организацијата на референдумот

Ивица Дачиќ / Фото: EPA-EFE/DJORDJE SAVIC

Претседателот на српскиот парламент и лидер на Социјалистичката партија на Србија (СПС) Ивица Дачиќ изјави денес дека очекува опозициските партии да ги испратат имињата на 17.000 свои претставници, кои треба да бидат членови на избирачките места, на референдумот за промена на Уставот поврзано со правосудството на 16 јануари, пренесува Бета.рс.

-Ги повикувам да го направат тоа, бидејќи тоа не е едноставна задача ни за поголеми и посериозни партии, изјави Дачиќ.

Тој кажа дека СПС по Нова година ќе разговара со Српската напредна партија (СНС) за најдобрата форма на соработка на претстојните парламентарни и локални избори.

Според Дачиќ, кандидатот за претседател на Србија ќе биде заеднички и очекува тоа да биде лидерот на СНС и актуелен шеф на државата Александар Вучиќ.

-Вчера разговарав со (претседателот на СНС) Александар Вучиќ, се договоривме веднаш по Нова година да одржиме партиска средба на нашите раководства и да продолжиме да се занимаваме со прашања што е најдобро и која форма на нашата соработка ќе биде за парламентарните и градски избори, изјави Дачиќ.

Тој посочи дека одамна изјавиле дека треба да имаат заеднички претседателски кандидат со СНС и додаде дека очекува тоа повторно да биде Вучиќ.

Дачиќ кажа дека СПС и СНС ќе треба што поскоро да донесат конечна одлука, бидејќи рокот за распуштање на српскиот парламент е 15 февруари 2022 година, по што треба да се распишат предвремените парламентарни и градски избори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот