Д Викнд размислува да го промени уметничкото име: Пејачот откри како би се викал

Фото: Инстаграм/Принтскрин

Канадскиот пејач Д Викнд на својот твитер-профил се осврна на тоа што познатите личности ги менуваат уметничките имиња, а покрена дискусија и дека можеби некогаш и тој ќе го промени своето. Кога тој евентуално би се одлучил на тој потег, тогаш би го носел своето вистинско име, Абел.

Да потсетиме, бројни познати личности ги менуваа своите уметнички имиња низ историјата, а тоа неодамна го направи и Канје Вест кој го промени името во ЈЕ.

„Можеби ќе повлечам потег како ЈЕ (Канје Вест) и само легално ќе го променам моето (уметничко) име во АБЕЛ, без презимето. Како Мадона или Шер или Принц . Не знам, ми изгледа симпатично“, напиша Д Викнд, а потоа се надоврза:

„АБЕЛ, формално познато како Д Викнд“, напиша тој на својот твитер-профил.


Некои обожаватели напишаа тоа да го промени, а некои сепак да си остане Д Викнд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот