Ципрас најави кога ќе бара предвремени избори

Грчкиот премиер Алексис Ципрас вечерва во телевизиски говор изјави дека на почетокот на јуни од претседателот на државата ќе побара распишување предвремени избори.

Најавата за предвремени избори доаѓа по лошите резултати постигнати на европските избори. Сириза на Ципрас, според неофицијалните резултати, освои околу 25 проценти гласови, додека опозициската Нова Демократија има 33,5% гласови. Шефот на конзервативците, Киријакос Мицотакис, оцени дека Ципрас веќе ја нема довербата од народот. „Премиерот мора да преземе одговорност и да се повлече за доброто на земјата“, побара Мицотакис.

Ципрас пред европските избори рече дека тие се „гласање за доверба“ и дека избирачите имаат „одгвоорност“ да ги одбранат економските и социјалните постигнувања на неговата влада.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот