ЦИК на Бугарија: Отфрлањето хартиени ливчиња е скандалозно

Фото: EPA-EFE/VASSIL DONEV

Портпаролот на Централната изборна комисија на Бугарија Димитар Димитров за БНТ ги опиша како скандалозни измените во изборниот законик и гласањето само со апарати.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, за Димитров се апсолутно неприфатливи измените на изборниот законик. Во нив, според него, најскандалозна е забраната за гласање со хартиено ливче, односно да се користат само апарати. Според него, такво нешто нема никаде во светот.

Димитров соопшти дека е сигурен оти тоа не е во согласност со бугарскиот Устав. Димитров го повика народниот правобранител да интервенира бидејќи, според него, гласањето со апарати значително го ограничува правото на глас.

Според него, паралелното гласање со хартиени гласачки ливчиња и апарати досега овозможи да се споредат резултатите и да се откријат отстапувања.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот