Цените на нафтата во пад: Корона кризата ја успори побарувачката на гориво

Цени на нафтата/ Фото: ЕПА

Во Америка се регистрирани најмалку 75.000 нови случаи на заразени со новиот корона вирус, што претставува нов рекорд.

Цените на нафтата на светските пазари денеска бележат пад поради несигурноста во глобалното опоравување на побарувачката на гориво, бидејќи бројот на заболени од ковид – 19 бележи растечки тренд во голем број земји.

Во Лондон цената на суровата нафта „Брент“ од Северното море денеска е пониска за 11 центи или за 0,3 отсто и сега се продава по цена од 43,26 долари за барел.

Во Њујорк цената на светлата сурова нафта падна за четири центи или 0,1 отсто и нејзината цена сега изнесува 40,71 долар за барел.

Во Америка се регистрирани најмалку 75.000 нови случаи на заразени со новиот корона вирус, што претставува нов рекорд. Шпанија и Австралија пријавуваат најголем дневен раст на заболени во изминатите два месеци, додека слична е и ситуацијата во Индија и Бразил.

Растот на бројот на заболени од ковид – 19 го успорува опоравувањето на потрошувачката на гориво по ублажувањето на блокадите во САД и другите земји во светот.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот