Цената на руската вакцина ќе биде значително пониска од таа на „Фајзер“ и „Модерна“

Фото: EPA

Цената на руската вакцина „Спутник V” ќе биде значително пониска од цената на вакцините на компаниите „Фајзер” и „Модерна”, објавено е на Твитер профилот на Спутник V, пренесува Танјуг.

Како што е наведено, објавените цени од 19,5 долари по доза на вакцината „Фајзер” и 25 до 37 долари по доза на вакцината на „Модерена” всушност значат цени од 39 и 50 до 74 долари по лице, бидејќи на една личност и требаат две дози на вакцината „Фајзер”,„Спутник V” и „Модерна “.

Вакцината „Спутник V”, произведена од Институтот за научно истражување „Гамалеја”, на 11 август доби потврда за регистрација од руското Министерство за здравство и стана првата регистрирана вакцина против коронавирусот во светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот