ЦЕЛО СЕМЕЈСТВО ПО РАЗБОЈНИКОТ: Прво родителите, па синот по гаќи, а потоа и кучето! (ВИДЕО)

Двајца разбојници околу 7 часот наутро ограбиле менувачница во хрватскиот Солин, а притоа го нападнале сопственикот и украле засега неутврден износ на пари.

М.Ш. сопственик на менувачницата кој над локалот имал стан, нападнат е во ходникот на зградата додека се спуштал кон својот работен простор.

Безбедносните камери покажуваат дека двајцата напаѓачи чекале, еден облечен во црно, а другиот на скутер.

Разбојникот во црно со торбата истрчува и оди кон скутерот. По него трча жената на газдата на менувачницата, потоа и тој, па неговиот син по гаќи и на крајот мало бело куче.

За жал не успеале да ги запрат крадците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот