Царовска: Дигиталниот учебник ќе биде достапен и без интернет

Мила Царовска
Мила Царовска / Фото: Министерство за образование и наука

Министерката за образование и наука Мила Царовска во емисијата „10МИНУТИ“ на ТВ21 истакна дека целата дебата околу дигиталните учебници се пробува да се измести од нејзиниот колосек.

„Дигиталниот учебник не нужно значи пристап до интернет. Тој е поставен на одреден електронски уред и ученикот во својот дом ќе може да го користи“, порачува Царовска.

Таа вели дека тие ученици кои ќе добијат таблети ќе може да ги користат во домашни услови без разлика на пристапот до интернет.

„Но да не заборавиме дека имаме и една група на ученици кои немаат пристап ни до електрична енергија во своите домови, а оваа година ни се покажа дека такви се дури 1300. И за нив оваа година, иако сме целосно онлајн над трето одделение, обезбедивме целосно учење во училиште. Исто така на овие ученици кои немаат пристап до електрична енергија ќе им обезбедиме пристап и до дигитален уред во училиштето, но од друга страна и опција печатен учебник кој ќе го добијат од училиштето“, посочи министерката Царовска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот