ЦУК: Над десет пријави за пожари на отворено

цук 112
Се воведува бројот за итни повици 112 / Фото: Слободен Печат - Драган Митрески

ЦУК апелира да не се палат стрништа, шума и друга вегетација, а и отпадоци, ѓубришта и контејнери на отворено, бидејќи тоа го намалува квалитетот на амбиенталниот воздух и граѓаните да ги почитуваат препораките на пожарникарите.

Изминатото деноноќие имало над десет пријави за запалена нискостеблеста шума и друга вегетација, а пожарникарите гаснеле и отпадоци, ѓубришта и запалени контејнери на отворено на територијата на државата, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Конкретно, противпожарни интервенции на отворено, паралелно гасејќи и пожари во населени средини, имале пожарникарите од Територијална противпожарна единица на Град Скопје во предел на село Трубарево, во село Рашче и во село Бразда.

Пожарникари од Територијална противпожарна единица Прилеп интервенирале кај село Мажучиште и кај патот за Манастир Прилепец, ТППЕ Свети Николе кај село Мустафино и во атарот на село Немањици, ТППЕ Македонска Каменица кај село Цера, ТППЕ Куманово во близина на депонијата „Краста“ и во атарот на село Режановце, ТППЕ село Нагоричане во атарот на ссело Макреш, ТППЕ Ранковце во атарот на село Псача, а ТППЕ Тетово дека во изминатото деноноќие имале две помали интервенции.

Пожарникарите од ТППЕ Велес, по пријавата на 112 и координацијата од Секторот за операции и координација во ЦУК, за појава на густ и темен чад во близина на бензиската пумпа „Макпетрол“ во Општина Градско, заедно со ангажираните ресурси од Општина Градско, загаснеле депонија, на којашто најмногу гореле запалени гуми. Интервенирано е конбинирано, со противпожарни средства, а потоа комуналното претпријатие ЈКП „Клепа Градско“ интервенирало со затрупување на опожареното место, по што пожарот е локализиран, а дежурни останале за да се следи состојбата до крајот на денот.

ЦУК апелира да не се палат стрништа, шума и друга вегетација, а и отпадоци, ѓубришта и контејнери на отворено, бидејќи тоа го намалува квалитетот на амбиенталниот воздух и граѓаните да ги почитуваат препораките на пожарникарите.

ЦУК потсетува и за внимателност при прошетките во природа, на повисоките места и планините во нашата држава, бидејќи при зимски услови на места со снег и мраз е лизгаво, особено на осоите на почетокот и на крајот од денот. Итните случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број 112 во ЦУК.

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 1 894 повици на Единствениот број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 27,88 отсто, а 72,12 проценти биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.

Кон полиција биле упатени 50,99 отсто, кон итната медицинска помош 36,76 проценти, а кон пожарникарите 6,72 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот