ЦУК: До овој момент нема активни пожари

Противпожарно возило / Фото: МИА

Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека вечерва до 19 часот нема активни пожари.

Пожарот во селата Вапила и Сирула, охридско, е локализиран во 14:50 часот.

ЦУК информира дека се изгаснати уште три други пожари.

„Изгаснати се пожарите во кумановското село Сопот, каде беше запалена шума. Од 16.00 до 19.00 часот интервенирано е со едно возило и пет пожарникари. Пожарот од 10:25 часот што избувна кај бензиска пума Детоил во Куманово, каде гореше сува трева, е изгаснат во 11:10 часот со едно возило и четири пожарникари. Пожарот во кумановското село Шупли Камен, каде гореше сува трева, е изгаснат во 14:40 со едно возило и четири пожарникари“, наведува ЦУК.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот