Циципас елиминиран од Австралија Опен

Фото: EPA-EFE/MAST IRHAM

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас го заврши својот настап на Австралија Опен откако со 1:3 (6:7, 7:5, 3:6, 3:6) во сетови беше поразен од Тејлор Фриц.

Австралиецот Ник Кирјос кој оваа година е во улога на стручен коментор за „Еуроспорт“ пред неколку дена изјави дека Циципас може до титулата на турнирот и покрај тоа што Ѓоковиќ игра фантастично и е главен фаворит, но таа прогноза очигледно нема да се исполни.

Токму Ѓоковиќ требаше да биде противник на Циципас во четвртфиналето ако победеше, но сега Фриц заслужено ќе оди на дуел со српскиот тенисер.

Првиот брејк во овој меч го видовме дури во вториот сет кога Циципас израмни на 1:1, меѓутоа Фриц брзо возврати и на крајот успеа да слави. Минатата година Циципас играше финале на Австралија Опен, па тоа значи дека ќе загуби многу бодови.

Ѓоковиќ издоминира во осминафиналето, Манарино освои само три гема

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот