ЦИА: Албанија е загрозена од најмалку 65 терористички организации, вклучително и ИСИС

На Албанија и се закануваат повеќе од 65 терористички организации, вклучувајќи ги ИСИС и иранскиот корпус на Исламската револуционерна гарда.

Ова, според Ора њуз, стои во извештајот на Агенцијата за разузнавање (ЦИА), во кој се ажурираат податоците за Албанија.

Во овој извештај се наведува дека во Албанија се инсталирани терористички ќелии на Иранската револуционерна гарда, кои можат да извршуваат напади во секој момент.

Исто така стои дека Албанија е невралгична точка на мрежата на ИСИС за регрутирање и обука на луѓе кои потоа се испраќаат да се борат заедно со ИСИС во Сирија, Либија или Ирак.

-Во последните години, планирањето на силите на Ќодс за терористички напади беше откриено и спречено во голем број земји низ светот, вклучувајќи ги Албанија, Бахреин, Белгија, Босна, Бугарија, Данска, Франција, Германија, Кенија, Турција и САД. Трупите на исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) се формирани во мај 1979 година и ги командува

генералот Хосеин Саламин, се наведува во извештајот.

Се посочува дека оваа организација била ставена на списокот на терористички групи од американската влада во 2019 година, додека тие имаат сила од 150 илјади луѓе и се способни да нападнат секогаш кога иранската влада смета дека е разумно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот