Чувари од затворот каде се наоѓа полицаецот обвинет за убиство на Џорџ Флојд обвинуваат за расизам

Осум чувари од затворот во американската сојузна држава Минесота, каде што се наоѓа Дерек Човин, полицаецот кој е обвинет за смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд, тврдат дека биле изложени на расна дискриминација по пристигнувањето на Човин во институцијата.

Во пријавата што ја поднеле до властите во Минесота, овие чувари, кои се членови на не-бела популација, тврдат дека им било наредено да се пријават да работат на третиот кат од затворот и дека, откако го сториле тоа, сфатиле дека таму нема белци меѓу вработените, и оти тоа било направено со намера тие да не бидат на петтиот кат, каде што требаше да се смести Човин.

Главниот управник на затворот брзо време потоа ја сменил одлуката, но, според Си-Ен-Ен, сите осуммина велат дека првичниот налог го сметаат за дискриминација врз основа на бојата на кожата и оти се длабоко понижени од ваква „наредба за сегрегација”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот