Чушков: Со новите еколошки автобуси годишно ќе се заштедат 25.000 евра за гориво

Директорот на ЈСП Скопје Кристијан Чушков во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ потврди дека пандемијата ја промени динамиката на испорака на новите еколошки автобуси.

-За 14 до 20 дена ги очекуваме автобусите да пристигнат во Македонија. Пандемијата од ковид-19 ја промени планираната динамика на испорака, затоа што овие возила требаше да пристигнат некаде во средината на март.

Во сите автобуси ќе има дополнителна опрема, како вградени полначи за телефони. Со новите еколошки автобуси годишно ќе се заштедат 25.000 евра за гориво во споредба со другите и воопшто нема да загадуваат, бидејќи емитуваат незначителна концентрација на ПМ честички, изјави Чушков.

Според правилата за дистанца во услови на коронавирус, во автобусите има контролори за да не се надмине капацитетот од 50 отсто.

Морам да споменам дека во секој автобус имаме контролор кој го одредува бројот на патници и тоа да не биде над 50%. Ја имаме ситуацијата под контрола, вели Чушков.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот