Чурлинов со нов настап, Штутгарт повторно во трка за Бундеслигата

фото: твитер

Тренерот на Штутгарт, П. Матарацо е свесен поради потенцијалот кој го поседува македонскиот млад репрезентативец Чурлинов, па конечно вечерва му даде нова шанса за настап.

Од „рестартирањето“ на второто по квалитет фудбалско натпреварување во Германија, Штутгарт до вечерашниот меч претрпе два порази во кои не настапи нашиот Дарко Чурлинов.

Таа негативна мини серија е прекината на домашен терен со победата во дербито на колото со 3:2 против Хамбургер (3:2).

Тренерот на Штутгарт, П. Матарацо е свесен поради потенцијалот кој го поседува македонскиот млад репрезентативец Чурлинов, па конечно вечерва му даде шанса за настап.

При нерешени 2:2 во 78 минута во игра влезе нашиот интернационалец како замена за Ал Гадиуи, а конечниот епилог беше поставен во 92 минута преку Кастро.

Сега со новите три бода повторно Штутгарт е во игра за една од првите две позиции кои водат директно во Бундеслигата следната сезона.

Моментно е на второто место со 48 бодови, два повеќе од третопласираниот Хамбургер, а водечка е Арминија Билефилд со 53 бодови, но и меч помалку.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот