Чулев со апел да се почитуваат препораките на Владата

МВР отвора бесплатна линија на која сите граѓани можат да се информираат за активности во надлежност на ресорното Министерство

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулевупати апел до граѓаните да ги почитуваат препораките на Владата и Министерството за здравство за заштита од коронавирусот, посочувајќи дека Министертсвото за внатрешни работи презема широк спектар на мерки и активности, со цел заштита на здравјето на граѓаните на нашата држава.

Ги повика граѓаните да се воздржат од патувања надвор од територија на државата, но и да го ограничат движењето и собирањето во поголеми групи во текот на денот.

-Има многу граѓани кои што се на привремена работа во странство, лица кои живеат во странство, се ближат и Велигденските празници и во католичките земји, така да апелирам воопшто да не се обидуваат да доаѓаат во нашата држава бидејќи постои сериозна можност истите да бидат заглавени на граничните премини, но и да ја донесат заразата во нашата држава. Оние луѓе кои се заглавени, апелирам да останат таму каде што се. Доколку има потреба, ќе се организира хуманитарен конвој меѓутоа тоа е многу тешко, затоа што граничните премини не се контролирани од МВР, туку тоа зависи од одлуката други држави, истакна Чулев.

Информира дека МВР отвори бесплатна линија на која сите граѓани можат да се информираат за сите активности од ингиренции на Министерството, а кои се поврзани со постапувањето на МВР во врска со спречување на ширењето на коронавирусот.

Телефонскиот број е 0800 00201, работи 24 часа, седум дена во неделата. Бројот е на два јазика, на македонски и албански јазик.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот