Чудесниот Баер не застанува: Сезонава сака да ја круниса со тројна „круна“

Баер Леверкузен/фото: EPA-EFE/CHRISTOPHER NEUNDORF

Неколку часа откако Баер Леверкузен ја освои титулата во Бундеслигата за прв пат, тренерот Чаби Алонсо им кажа на илјадниците навивачи дека клубот ќе лови нови трофеи сезонава кринисувајќи ја со тројна круна.

Со неделната победа од 5:0 над Вердер Бремен „фармацевтите“ ставија крај на 11-годишното владеење на Баерн Минхен како германски шампион.

– Сакаме повеќе. Го сакаме германскиот Куп, ја сакаме Лига Европа – се зборовите на 42-годишниот стратег.

Потсетување дека финалето на германскиот куп против второлигашот Кајзерслаутерн е закажан за 25 мај.

А следната задача на Леверкузен е да отпатува во Лондон во четврток ќе го игра реваншот против Вест хем во четвртфиналето на Лигата на Европа. На првиот меч во Германија Баер славеше со 2:0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот