Членовите на „Рибља чорба“ нема да присуствуваат на комеморацијата и кремирањето на Миша Алексиќ

facebook

Минатата недела од последици на коронавирус почина легендарниот басист на „Рибља чорба“, Миша Алексиќ.

Денеска на белградските гробишта „Лешче“ ќе се изврши кремирањето и ќе се одржи комеморација во чест на Миша.

Членовите на „Рибља чорба“ на официјалната фејсбук-страница соопштија дека нема да присуствуваат на кремирањето на нивниот драг пријател и колега.

Драги пријатели, тешко е да се најде некој што го сака Миша повеќе од нас. И не можеме да се помириме со тоа дека веќе го нема. Знаеме дека Миша почина како последица од подмолната и невидлива болест. Почина непотребно. Знаеме дека не го потценуваше ова зло. Носеше маска и се чуваше. Правевме планови за иднината за која верувавме дека ја имаме. Злото наречено коронавирус и понатаму е меѓу нас, повеќе од кога било и затоа сметаме дека е наша обврска да ве известиме дека членовите на „Рибља Чорба“ нема да присуствуваат на кремирањето. Веруваме дека ниту Миша не би дозволил да се загрози нечие здравје или нечиј живот. Кога оваа чума ќе помине, заедно ќе го оплакуваме нашиот и вашиот Миша со концерт во негова чест. Бидете одговорни и здрави. Ве сака „Рибља чорба“ – пишува во соопштението.

Dragi prijatelji,
Teško je naći nekog ko Mišu voli više od nas. I ne možemo da se pomirimo s tim da ga više nema.
Znamo…

Posted by Riblja Čorba on Tuesday, 1 December 2020

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот