Чија економија најлесно ќе се опорави од кризата со пандемијата?

Последиците од пандемијата со корона вирусот внесоа огромна доза на неизвесност во глобалната економија. Земјите низ целиот свет се борат против ширењето на растечката инфекција, спроведуваат широки стратегии за социјална дистанца и се обидуваат со фискални интервенции да ги стабилизираат пазарите.

Би Би Си во својата анализа се послужи со „индексот на глобална економска отпорност“ од 2019 година, според кој на листата се рангираат 130 земји според стапката на вработеност. Секако тука се зема предвид и факторот политичка стабилност на земјата, корпоративното управување, ризиците и логистиката како и транспарентноста на синџирите за снабдување.

Споредувајќи ја оваа листа со првиот одговор на земјата во однос на корона вирусот, Би Би Си издвои неколку земји кои имаат голема шанса да ја одржат економската стабилност и отпорност на кризата.

Според ова рангирање меѓу првите на листата се најдоа Данска, Сингапур, САД, Руанда и Нов Зеланд.

Данска е позиционирана на втората позиција според претходно споменатиот индекс, бележи високи оценки за следење на синџирите за снабдување, корупцијата на владата во земјата е на многу ниско ниво. Државата, исто така, многу брзо презеде мерки за социјална дистанца во борбата против ширењето на корона вирусот.

Сингапур има навистина силна економија, низок политички ризик, силна инфраструктура и низок степен на корупција, со што земјата е рангирана на 21 место во листата за отпорност. Според анализите земјата презела брзи реакции за справување со вирусот.

Поради широката географска распространетост САД според индексот на отпорност се поделени на западен источен и централен регион и според оваа поделба рангирани се на високите 9, 11 и 22 место на листата. Но во целина, САД се високо оценети во однос на стапката на вработеност како и на силните врски за снабдување.

Борбата со вирусот се покажа како предизвик во големите градски области како Њујорк, а невработеноста веќе скокна на историско ниво, поголем дел поради мерките преземени за спречување на ширењето на корона вирусот како и на затворањето на поголем дел од американските држави, што особено го погоди секторот угостителство и малопродажба, но настрадаа и други компании.

Но, американската влада брзо презеде стимулирачки мерки за стабилизација на економијата, а стратегијата за социјално дистанцирање се чини дека веќе има ефект, што пак дава позитивен импулс врз опоравувањето на економијата.

Руанда заради подобрувањето на корпоративното управување, земјата забележа голем скок во индексот последните неколку години, односно својата позиција ја подобри за 35 места на листата и сега го зазема 77. место во светот и 4. место во Африка.

Она што е најважно, е што земјата е подготвена да се бори со вакви кризи, со оглед дека успешно се справи со епидемијата од ебола која стигна до нејзините граници, а која изби во соседната Демократска Република Конго во 2019 година.

Нов Зеланд го зазеде 12 место на листата најотпорни економии во светот поради високите оценки во корпоративното управување и синџирите на снабдување. Земјата, исто така, беше во можност брзо да го запре ширењето на вирусот затворајќи ги границите за меѓународни патници на 19. март и намалувањето на обемот на трговска размена на 25. март.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот