Четворица мртви откако се урна балон со топол воздух во Аризона

Балон со топол воздух се урна во Аризона / Фото јутуб

Четири лица загинаа, а едно е тешко повредено откако балон со топол воздух се урна во пустината во Елој, Аризона, соопшти полицискиот оддел Елој, пренесува Еј-Би-Си.

Несреќата се случила во округот Пинал, рурална пустинска област на околу неколку киломентри северно од градот, во 7:30 часот по локално време, соопшти полицијата на Елој.

Градоначалникот на Елој потврди дека во балонот во моментот на падот имало вкупно 13 луѓе: осум падобранци, четворица патници и пилотот.

Непосредно пред падот, падобранците излегле од балонот, а очевидците рекле дека балонот изгледал како да летал горе-долу пред несреќата, јавува локалната телевизија КНХВ.

Едно лице е констатирано мртво на местото на настанот, три други починале во болница, а петтото лице е во критична состојба во болницата „Вели“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот